Ограбена полициска службеничка кај Бит Пазар- украдени службени легитимации и картичка за влез во МВР

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 47-годишник, кој на 28 март извршил тешка кражба во близина на полициската станица „Бит пазар“.

Како што информираат од обвинителството, 47-годишникот провалил во автомобил „ауди“ на булеварот Никола Карев, при што одзел пари, банкарски картички, две службени легитимации од МВР и картичка за влез во МВР, како и други предмети во вкупна вредност од 50.000 денари.

Кога ја забележал оштетената како ја остава чантата на задното седиште и го заклучува автомобилот, обвинетиот употребил апарат за блокирање на сигналот и системот за затворање, со што спречил да се заклучи вратата на автомобилот.

Кога оштетената се оддалечила, тој влегол во возилото, ги одзел наведените предмети и избегал.

Јавниот обвинител до судот доставил и предлог за определувањем притвор за обвинетиот.​

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2021 - 17:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа