Охрид: Товарот му излетал од камионот - повредил три лица и искршил паркирано возило

Вистински хаос се случувал на охридските улици откако вчера рано наутро товар се откачил од камионот искршил едно возило и повредил уште 3 лица. „Вчера во 08.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „15 Корпус“ во Охрид од товарно возило „ман“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(60) од Охрид, испаднал дел од товарот што го превезувал и удрил врз паркирано патничко возило „шкода ромстер“ со охридски регистарски ознаки, а потоа врз А.К.(39), У.А.(55) и М.Н.(50), сите од Охрид, вработени во јавно претпријатие, кои на локацијата изведувале градежни работи. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Н., а со телесни повреди се здобиле У.А. и А.К., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид“ – соопшти полицијата.

02.12.2022 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега