Охриѓанец измамен со 25 000 денари


Вчера во 16.00 часот во СВР Охрид, 40 – годишен маж од Охрид пријавил дека бил измамен од едно лице, управител на градежна фирма, за сума од 25.000 денари.

Според пријавеното, тие се договориле лицето да му изврши градежни работи за што тој му ги дал парите како аванс. Како што е пријавено, лицето ниту ја завршило работата, ниту ги вратило парите, по што се посомневал дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

27.03.2024 - 16:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега