Охриѓанец украл дебитна картичка од сограѓанин и неколку пати од банкомат извадил пари

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 52-годишниот Џ.О. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Во периодот од октомври 2019 до декември 2019, пријавениот противправно му одзел банкарска дебитната картичка на Т.Б. од Охрид, по што неовластено навлегол во компјутерски систем со намера за искористување на неговите податоци и во повеќе наврати преку различни банкомати на подрачјето на Охрид и Скопје подигнал вкупно 53.600 денари. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2020 - 17:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега