Околу 450 припадници на безбедносните сили ќе ги обезбедуваат здравствените установи низ земјава

Околу 450 припадници на безбедносните сили ќе ги обезбедуваат здравствените установи низ земјава

Речиси 300 војници и околу 150 полициски службеници ќе ги обезбедуваат здравствените установи ширум Македонија, соопшти првиот човек на Главниот штаб, Стојанче Ангелов по завршувањето на денешната седница.

Сепак, ова не се конечни бројки и тие ќе зависат од побарувањата на Министерството за здравство.

Улогата на армиските припадници е да асистираат на полицијата. Тие нема да бидат вооружени, ќе имаат свои позиции и ќе интервенираат само по барање на МВР.

Денеска Владата треба да го усвои Акцискиот план кој го предложи Главниот штаб, а го потврди Управувачкиот комитет. Откако тоа ќе се случи, наредбата за ангажирање на војската треба да ја одобри и претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2020 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа