Омер Буњаку: Плаќам данок и не сакам моите пари Град Скопје да му ги даде на Вардар

Град Скопје реши да му додели финансика помош од 250.000 евра на најтрофејниот македонски клуб Вардар, а тоа ги налути навивачите кај останатите екипи, меѓу кои и кај Шкупи.

Директорот на Шкупи, Омер Буњаку, кажа дека не сака неговите пари од данок да одат за помош на Вардар, кој во моментов се натпреварува во Втората лига.

„Со оглед дека плаќам данок, не сакам да го спонзорирам и финансирам Вардар, а ние да земеме помалку кога имаме голема потреба од помош. Зареб избраните во Градското собрание заборавија (освен Албанците“ дека не сите скопјани го сакаат Вардар“, вели Буњаку меѓу другото во неговата реакција.

14.11.2022 - 18:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега