Омери: Со СДСМ за европско Тетово, ја заштитивме Шара од уништување

„Вложувањето во унапредувањето на туризмот, заштитата на животната средина и природните богатства е инвестиција во сегашните, но, пред се, во идните генерации. СДСМ како одговорна партија го реши долгогодишниот горлив проблем со депонијата во Тетово, кој претставуваше ризик за здравјето и животната средина. На големо задоволство на граѓаните, здруженијата за заштита на животната средина, планинарските клубови ја прогласивме Шар Планина за Национален парк. Ја заштитивме Шара од уништување, вели Фарук Омери, член на ЦО на СДСМ.

Омери вели дека за подобар пристап до содржините за рекреација и скијачкиот центар Попова Шапка целосно го реконструирале патот од градот до шарската идила.

„Како дел од мнозинството во идниот Совет на Општина Тетово, секогаш ќе се залагаме и ќе даваме конкретен придонес за подобрување на туризмот  и заштитата на природните богатства. На 20 август, да го избереме најдоброто! Број 1 за европско Тетово“, кажа Омери.

13.08.2022 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега