Омилениот претседател на светот победен од короната - Хусе Мухика, чиј службен автомобил беше „Буба“ се повлече од местото сенатор

Поранешниот претседател на Уругвај, а до вчера сенатор на таа земја - Хозе Мухика, поднел оставка на местото во горниот дом од таа земја.

Мухика важеше да еден од најсиромашните шефови на државите во светот.

Простувајќи се од функцијата на сенатор тој изјавил „дека да успееш во животот значи и да почеш отпочеток секојпат кога ќе паднеш“.

„Благодарен сум на спомените. Многу носталгија. Пандемијата ме уништи“, изјавил 85-годишникот во својот последен говор, пренесува „CNN“.

Според пишувањето на медиумите, тој поднел оставка на местото на сенатор поради пандемијата коронавирус, односно затоа што поради староста и хроничните здравствени проблеми не може во целост да ја извршува својата функција.

„Во животот има моменти кога ќе дојдете и кога ќе си одите. Им благодарам на моите сопартијци што ме поддржуваа 26 години. Со години не одгледувам омраза во својата градина, научив тешки лекции кои што животот ми ги даде, омразата ве прави глупави“ - изјавил Мухика.

Некогашниот претседател на Уругвај многумина го нарекуваа најсиромашниот претседател на светот поради скромниот начин на живот.

Мухика бил претседател на Уругвај од 2010-та до 2015-та година, а потоа служел како сенатор.

Според Википедија тој е опишан како најскромен шеф на држава на светот поради скромноста и донациите од околу 90 отсто месечно од платата во хуманитарни цели, а во корист на претприемачите и сиромашните.

Тој возел „Folksvagen Buba“ од 1987-та година и продавал цвеќиња кои што тој и неговата сопруга ги одгледувале во нивната градина.

Живеел во скромна селска куќа покрај Монтевидео со својата сопруга, немал телохранители ниту пак официјален возен парк.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега