Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче- МВР со детали

Утринава во 09,10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. “АСНОМ“ на паркинг имало опожарено патничко моторно возило.

Од страна на полициски службеници е излезено на местото на настанот и констатирано дека целосно е опожарено патничко моторно возило “сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки сопственост на М.Ј.(35) од Скопје, а делумно биле опожарени  две патнички моторни возила “фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки сопственост на И.Н.(41) од Скопје и патничко моторно возило “мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на К.С.(73) од Скопје.

Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, повредени лица нема. 

Се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.08.2020 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега