Опозицијата му остава последни 3 дена рок на Заев да си поднесе оставка пред да се гласа во Собранието

Со поднесувањето на инцијативата за гласање на доверба на Владата, опозицијата практично ќе му го ограничи просторот за маневрирање на премиерот Заев на уште 3 дена. Доколку тој во текот на денешниот ден не поднесе оставка на премиерската позиција, опозицијата најави дека ќе поднесе барање за гласање на доверба на Владата, кое согласно Уставот и Деловникот на Собранието мора да биде ставено пред пратениците во рок од 3 дена. Опозицијата веќе ја закажа својата прес конференција во Собранието на која се очекува да ја најави процедурата за гласање недоверба.
Тоа значи дека Премиерот Заев ќе има простор за маневрирање до четврток во кој би можел да бара поддршка од пратениците за да не помине најавеното гласање на недоверба на неговата Влада за кое опозицијата тврди дека веќе има 61 глас.
Во четврток на полноќ ќе мора да се гласа и доколку опозициските пратеници имаат апсолутно мнозинство Заев ќе биде принуден веднаш да поднесе оставка.
Тој може и во меѓувреме, доколку увиди дека нема доволен број на пратеници да си поднесе оставка и со тоа да го прекине процесот за гласање на доверба на неговата Влада.

08.11.2021 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега