Опозицијата утре продолжува со блокада на скопските улици

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ утре повторно ќе ги блокира улиците низ главниот град.

Протестните блокади ќе почнат во 16:00 и ќе траат до 17:00 часот. Како и денеска, блокади ќе има пред Владата и Министерствата за правда и за надворешни работи.

-Заев тргува со идентитет, јазикот, историјата. Народот се буди, протест сега, за да не биде предоцна. Утре протест во 20 градови низ Републиката и блокадата на Владата, МНР и Министерството за правда, се вели во повикот на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, од партијата најавија дека освен во Скопје, протести ќе се одржат и во 20 други градови.

Зоран Заев објави дека ќе ја менувал историјата во учебниците. Зоран Заев објави дека имало договор за 3 записници, а...

Posted by Hristijan Mickoski on Thursday, 3 December 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2020 - 21:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега