Општина Арачиново: Со парите од Владата ќе ги вратиме долговите кои ги наследивме

 

Парите кои ќе ги добиеме од Владата ќе ги искористат за враќање на стари долгови. Со сумата што ја добиваме можеме да вратиме само половина од долгот видејќи тој  изнесува 60 милиони денари (1 милион евра), велат од Општина Арачиново, за ТВ 21.

– Со оглед на тоа дека пандемијата со ковид-19  отежна многу функции и активности на општината, доставивме барање за финансиска помош до Влада во врска со ефектите на ковид-19, за да се соочиме со општинските долгови. Ние како општина наследивме повеќе долгови, а пандемијата ја отежни уште повеќе состојбата со општинските долгови – изјавија од општината за ТВ 21.

Според одлуката на Владата сумата од 500.000 евра е неповратна помош за справување со потешкотиите во тековното работење настанати поради ковид-19 кризата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2020 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега