Општина Чаир го бара сопственикот на нелегалниот објект во Мавровка преку оглас во весник

Општина Чаир се уште не знае кој стои зад новиот објект на сега опожареното кафуле Фонтана, но за Канал 5 велат нема да отстапат од намерата да го спроведат решението за уривање.

-Сопственикот досега не се јави. Кога ќе истече рокот ќе се преземат неопходни мерки. Определен е инспектор кој излезе на терен уште пред Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да изврши контрола и доколку има потреба пак ќе го стори тоа - велат од Општина Чаир.

Дека општинскиот градежен инспектор излегол на терен излегол на терен е известен и ДИГУ чиј директор Локман Љимани за Канал 5 вели дека очекува постапката да ја заврши локалната самоуправа. Доколку не го стори тоа, како што појаснуваат од Инспекцискиот совет, државниот инспекторат ќе може да постапи кога ќе ги преземе надлежностите.

-Доколку е донесено решение за рушење од страна на О. Чаир тогаш постапката треба да си се заврши согласно закон, да се испочитуваат роковите во кои инвеститорот треба да го сруши објектот, а доколку тоа тој не го стори тогаш О. Чаир преку посебна постапка треба да го сруши овој објект. Во случај општината да не постапила, само тогаш ДИГУ може да побара од Министерството за транспорт и врски да им ги пренесе ингеренциите за да можат во целост да постапат.-Магдалена Филипоска Грашкоска, велат за Канал 5 од Инспекциски совет.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.07.2020 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега