Општина Тетово со предупредување до своите граѓани поради невремето: Бидете внимателни
Општина Тетово ги извести и предупреди граѓаните за локално невреме со силен дожд и ветер денеска попладне за што сознанија добиле од Центарот за управување со кризи.
Воедно информираат дека се преземени мерки за спречување на поплави низ градот.
-Попладне и во текот на ноќта, но и во петок наутро, на места ќе има пороен дожд, невреме и засилен ветер. На локално ниво, ќе има интензивни врнежи со поројни дождови во краток временски интервал, силни електрични празнења, силен ветер (над 80 км / ч) и услови за врнежи проследени со град. Препораката е во случај на електрични празнења граѓаните да бидат внимателни и да не стојат надвор и да најдат засолништа, информираат од Општина Тетово.
По прогнозите за обилни врнежи од дожд и силен ветер овие неколку дена ЈКП Тетово „Водовод и канализација“ ќе врши чистење на атмосферската и фекална канализациона мрежа во градот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа