Општина во Скопје доделува субвенции за возачки дозволи

Започнувајќи од денес, општина Карпош објави повик за субвенционирање на млади лица кои се жители на општина Карпош, за посетување на обуки за теоретски и практичен дел, за полагање на возачка дозвола од Б категорија.

– “За оваа намена, Општина Карпош од својот буџет обезбеди вкупно 7.000.000 денари, а јавниот повик ќе трае до исцрпување на средствата водејќи се според принципот „прв дојден, прв услужен“. Право на субвенција имаат младите лица кои се родени во 2006 година, односно кои во 2024 година ќе наполнат 18 години, кои мора да се жители на општина Карпош заедно со нивните родители, најмалку 3 (три) години до денот на поднесување на барањето се вели во соопштението на општината.

 Во овој случај, висината на субвенцијата ќе биде определена според следните критериуми:

Двајца родители со вкупен приход до 80.000  денари добиваат 100% од износот кој се наплатува за посетување на обука за теоретски и практичен дел

Двајца родители со вкупен приход од 80.001 до 100.000 денари добиваат 75% од износот кој се наплатува за посетување на обука за теоретски и практичен дел

Двајца родители со вкупен приход од 100.001  до 120.000 денари добиваат 50% од износот кој се наплатува за посетување на обука за теоретски и практичен дел

Двајца родители со вкупен приход над 120.001  денари добиваат 25% од износот кој се наплатува за посетување на обука за теоретски и практичен дел.

Притоа, целосно ќе бидат разгледани барањата за субвенции, само на оние лица кои уплатиле парични средства за посетување на обука за теоретски и практичен дел за полагање за возачка дозвола, по добиената Потврда од страна на Општина Карпош за исполнување на критериуми и само во оние авто школи кои имаат склучено Договор со Општината посочуваат од општина Карпош.

07.02.2024 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега