Орбан: Забранети се собири за поддршка на терористите

 

„Унгарија нема да дозволи никакви собири за поддршка на терористичките организации“, изјави утрово унгарскиот премиер Виктор Орбан на радио, додавајќи дека сите унгарски граѓани треба да се чувствуваат безбедно, без разлика на нивната вера или потекло.

„Шокантно е што во Европа се одржуваат собири на кои луѓето сочувствуваат со терористите“, рече Орбан, пренесе Ројтерс. „Имаше обиди дури и во Унгарија. Но, нема да дозволиме собири на сочувство кои поддржуваат терористички организации бидејќи тоа би значело терористичка закана за унгарските граѓани“, додаде тој.

 
13.10.2023 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега