Оружен напад во Универзитет во Германија: Најмалку еден мртов и неколку сериозно ранети (ВИДЕО)

Најмалку едно лице е убиено, а тројца се сериозно повредени во пукотници во Универзитетот во германскиот град Хајделберг. Напаѓачот се самоубил.

Локалната полиција соопшти дека тој со огнено оружје без контрола пукал во амфитетар во универзитетот.

Германските медиуми веќе објавија дека нападот немал верски или политички мотиви. Се верува дека напаѓачот е студент, но неговиот идентетитет засега не е откриен.

-Веруваме дека напаѓачот дејствувал сам. Во овој момент можеме да кажеме дека веќе нема опасност за јавноста, соопшти германската полиција.

На социјалните мрежи се појавија снимки од Хајделберг, каде денес се случи пукање. Иако напаѓачот е мртов, а сите ранети се примени во локалната болница, голем број безбедносни сили и понатаму се на улиците.

Додека одекнуваат сирени, возила на полицијата и на брзата помош забрзано минуваат низ градот.

 

24.01.2022 - 18:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега