Османи: ДУИ не може да ја напушти сопствената Влада, ова е Влада на ДУИ

 За ДУИ е прифатлив кој било датум за локалните избори за кој ќе се договорат политичките партии, изјави шефот на дипломатијата и член на ДУИ Бујар Османи.

– Kога политичките партии имаат проблеми со датумите повеќе тоа ми личи дека имаат проблеми со самодовербата за исходот на изборите. Ние во овој случај немаме таков проблем.Така да, било кој датум  што ќе го одлучат политичките партии по однос на одржување на изборите за нас е прифатлив. Дали 17, дали 31 октомври, за нас се прифатливи датуми, рече Османи на новинарско прашање по тематската дискусија поврзана со парламентарната димензија на надворешната политика.

Запрашан дали ДУИ размислува да ја напушти Владата ако нема поддршка од СДМС на локалните избори, Османи вели нема такво нешто.

-Прво ДУИ не може да ја напушти сопствената Влада, ова е Влада на ДУИ. Така да, мислам дека тој, таа матрица дека ДУИ е влезена е погрешно. Ова е влада на ДУИ и не може да излезе од сопствената Влада. Нема такви ситуации, разговараме со коалициските партнери  во однос на постигнување за можноста за соработка на овие локални избори. Имавме добро искуство на изминатите локални и тоа дава доверба кај двете страни дека е тоа добро и за граѓаните и за политичките партии и за државата, посочи Османи. 

21.07.2021 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега