Османи: ДУИ нема да ја поддржи резолуцијата од ВМРО-ДПМНЕ само ако во неа стои уставното име на државата

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе ја поддржи резолуцијата за црвените линии во преговорите со Бугарија, поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, само доколку се користи уставното име на државата.

Ова го истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи, откако претходно и премиерот Зоран Заев излезе со истиот став по ова прашање.

Според министерот, прашањето за уставното име во резолуцијата, е отворање нови проблеми, а не помош за затворање на проблемите.

Османи повика на внимателност.

„Не велам дека оваа резолуција може да направи штета, но мора да бидеме внимателни. Позициите што ги има во текстот на резолуцијата се позиции што МНР и Владата ги имаат како свој став во својата стратегија. Но, многу е важно во Собранието да има консензус и да не се отвораат дополнителни теми што може да наштетат на процесот“, рече Османи.

21.07.2021 - 17:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега