Османи и Јанкулоска ќе сведочат за „Монструм“

Вицепремиерот Бујар Османи и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, ќе сведочат за случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковско езеро, пренесува ТВ21.

Во разговорот меѓу обвинителката Фатиме Фетаи и таткото на една од жртвите, Горан Накевски, пред да започне судењето на „Монструм“, обвинителот вети дека ќе сведочат еден по еден оние кои се слушаат во „бомбите“, вклучувајќи ги и вицепремиерот Бујар Османи, и Гордана Јанкулоска.

На последното рочиште сведочеше поранешниот премиер Зоран Заев.

Заев пред судот рече дека неколкупати се сретнал со роднини на убиените момчиња, кои сакале да добијат повеќе информации од „бомбите“.

На една од средбите, некои од родителите изразиле сомневање дека правосудниот систем крие од нив информации и докази. Тој им ги презентирал аудиоматеријали што ги побарале, без да им даде копија. Свое сведочење по однос на „бомбите” имаше и свиркачот Звонко Костовски.

 

Обвинението за овој предмет го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, додека судењето го водат судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега