Османи: Кризни штабови за справување со Ковид-19 и на ниво на месни заедници

Во Секретаријатот за европски прашања (СЕП) денеска се одржа конститутивната седница на Координативно тело за координирањето на штабовите на единците на локалната самоуправа (општините и градот Скопје), за справување со заканата од Ковид-19, информираат од СЕП. Во улога на главен координатор со телото со него претседаваше заменикот претседател на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Покрај редовните заклучоци за конституирање на работата на телото и утврдување на неговиот делокруг на работа, уште на самата конститутивна седница Координативното тело донесе одлука да ги задолжи општините веднаш да формираат посебни штабови за справување со предизвиците од епидемијата и тоа покрај на ниво на единиците на локална самоуправа како надлежно тело, и на ниво на месни заедници, со што ќе се обезбеди поблиска координација со потребите на граѓаните и поблизок пристап директно на терен.

– Мора да обезбедиме организирано и координирано присуство на најниско ниво на терен, со цел да обезбедиме навремена и соодветна поддршка за граѓаните, но и веродостојно информирање и известување за состојбите, изјави Османи, посочувајќи на месните заедници како најблиски единици до граѓаните, како и координацијата на општините и нивните активности како најдобар инструмент за директен пристап до граѓаните.

Координативното тело е формирано со одлука на Владата минатата недела, каде покрај главниот координатор, вицепремиерот Османи, учествуваат и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, како заменик на главниот координатор, пет члена од редот на инспекторите при Дирекцијата за заштита и спасување, како и државните секретари при министерствата за здравство, за внатрешни работи и одбрана.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 20:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега