Османи: Локалните кризни штабови се првата линија на одбрана во руралните места

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, како Главен координатор на Кризните штабови на единиците на локалната самоуправа за одбрана од КОВИД19, заедно со заменик Министерот за  здравство, Арменд Арслани и Директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети, денеска ги посетија подрачјата во општина Липково и околината, во насока директно на терен да ги согледаат состојбите и предизвиците со кои се соочува населението од овој регион во справувањето со КОВИД 19.

Заедно со претставниците на локалниот кризен штаб тие разговараа за потребите кои произлегувааат од оваа кризна состојба, како и за предизвиците со кои се соочуваат   во справувањето со КОВИД 19.

„Куманово заедно со околината, по Скопје, имаат најголем број заразени, а просечно, според глава на жител, дефинитивно е на прво место. Тоа говори дека мерките за целосна изолација воопшто не се престроги, туку напротив - тие се најдоброто решение во моментов за да се ограничи ширењето на коронавирусот, и со тоа да се намали интензитетот на епидемијата"- истакна Османи. Тој во овој контекст посочи дека Владата е во секојдневна координација со сите населени места, но  дека во ваквите подалечни локации, особено во руралните или одвоените места, најмногу се очекува од работата на локалните кризни штабови, кои  се поставени на ниво на месна заедница.

„Токму овие локални штабови во кои треба да има преставник на полиција, на општината, на месната заедница, доктор или медицински работник, за локалните граѓани претставуваат првата линија на одбрана од КОВИД19" -додаде Османи.

Денешната посета на  општина Липково, односно посетата на локалните кризни штабови на која и претходеше посетата на Лабуништа и Струга е со цел да се направи увид на терен за да им помогне на локалните штабови согласно активностите на централната власт и е во насока да им се излезе во пресрет на граѓаните, но и за да се  добијат реалните информации од терен за  може соодветно да им се помогне во спроведувањето и почитувањето на мерките.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега