Османи на Форумот ГлобСек во Братислава

 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи од денес престојува во работна посета на Словачка, каде што ќе учествува на безбедносниот форум ГлобСек 2023.

Османи ќе има свое обраќање на панелот посветен на иднината на проширувањето на Европската Унија, а ќе учествува и на неколку други тркалезни маси и панел дискусии.

На агендата на Османи во Братислава се и бројни билатерални средби со свои колеги, на маргини на форумот.

29.05.2023 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега