Османи на средба во АВМУ - тема ќе бидат претстојните избори

Заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска ќе има средба со делегација на Агенцијата за визуелни и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), предводена од директорот Зоран Трајчевски.

Средбата е дел од серијата посети на вицепремиерот Османи на институциите задолжени за спроведување на изборите, а со цел остварување на обврската за фер, слободни и компетитивни избори како дел од европската агенда на државата.

Вицепремиерот Османи вакви средби веќе имаше во Државната комисија за спречување на корупцијата и во Државната изборна комисија. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2020 - 08:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега