Османи: Навремена помош со која на дело се демонстрира европската солидарност

 Владата денеска објави сметка за донации за помош и поддршка за справување со економско-здравствената криза предизвикана од коронавирусот КОВИД–19.

Како што информира Владата, целта на донацијата, во вид на парични средства кои ќе се користат за помош, е поддршка за активностите за спроведување на мерките за справување со кризата од коронавирусот во земјата.

-Уплатата на средствата (во денари) за донација се врши на образец ПП 50, и се пополнува на следниов начин: Назив на примач: Трезорска сметка, Влада на Република Северна Македонија, банка на примач: НБРСМ, трансакциска сметка: 100 000000063095, сметка на корисник: 0400100078785С9, приходнa шифра: 744111 (за правни лица), приходнa шифра: 744211 (за физички лица), програма: Р1, цел на дознака: Финансиска помош – КОВИД – 19, се наведува во владиното соопштение.

Владата дополни дека донаторите што ќе одлучат да донираат финансиски средства се стекнуваат со право на даночно олеснување за кое е потребно да достават извештај за дадена донација/спонзорство (образец „УЈП-ИДС/ДВ“), во Управата за јавни приходи.

Договорот за доделување на средства по основ на донација во име на Владата го потпишува генералниот секретар и според одредбите од договорот, примателот на донацијата се обврзува сите добра од овој договор да ги стави во остварување на мерките за справување со коронавирусот во земјата.

-Примателот на донацијата со овој договор изјавува дека со денот на потпишување на овој договор се смета дека ги има примено средствата и има обврска да го извести давателот на донацијата најбрзо што може доколку се утврдат значителни отстапувања во суштината или во текот на активностите на донацијата, соопшти Владата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 17:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега