Османи: Ни даваа седум до осум пратеника, но јас знаев дека ќе бидат 15

Бујар Османи денеска преку фејсбук порача дека неговата партија ДУИ уште вчера имала точни прогнози и била убедена дека ќе освои 15 пратенички места.

Како аргумент ја приложи преписката која тој ја имал со некој свој пријател, кому неколку пати му кажал дека ќе освојат 15 пратеници, а пријателот му прогнозирал дека ќе имаат максимум седум до осум пратенички места.

Но, Османи не отстапил, и во разговорот постојано тврдел дека оваа партија ќе освои 15 пратенички места, колку и што има според се уште неофицијалните резултати на ДИК, која, пак, имаше и се уште има големи проблеми, односно не може да профункционира.

Дури и кога соговорникот му тврдел дека нема шанси, и дека е подготвен да се обложи дека ДУИ нема да има 15 пратеници, Османи стоел на овој свој став. 

Не може да се открие кој бил соговорникот на Османи кој типувал за двојно помалку пратенички местаод оние што ги доби ДУИ. 

Османи им се заблагодари и на пријателите, со зборовите „Политичкиот легитимитет започнува од таму каде што сте родени, од оние со кои сте пораснале, кои ве познаваат во сите фази од животот, со и без политика. Многу ви благодарам“, пишува Османи на својот профил. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2020 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа