Османи: Се прават напори за враќање на нашите граѓани од странство

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи на денешната прес-конфернеција истакна дека властите прават напори за договарање на чартер летови за враќање на нашите граѓани од странство во земјата.

– Владата формираше работна група од неколку институции кои што ќе се занимаваат само со тоа прашање. Според информациите коишто денеска беа реферирани во Главниот кооридинативен кризен штаб, веќе се прават напори за договарање на чартер летови за враќање на нашите граѓани во земјата. Мислам дека утре ќе бидат вратени од Загреб и од Малта. Има точно определени списоци според кога треба да се пријавуваат луѓето. Списоците ги прави Министерството за надворешни работи, одоговори Османи на прашањето зошто уште нема точни информации како ќе се донесат македонските државјани од најкритичните подрачја.

Околу тоа зошто и покрај препораките кај нас не се применуваат масовни тестирања, вицепремиерот нагласи дека одлуките се носат врз мислењата на експертите кои се дел од Комисијата за заразни болести.

– Одлуките што ги носиме ние на Главниот кооридинативен кризен штаб се пред се одлуки кои што ги препорачуваат експертите кои се дел од Комисијата за заразни болести. Знаете дека има два вида на теста, тест кој што директно го докажува вирусот, преку амплификација на генетскиот материјал на вирусот и тоа го го правиме ние во нашиот Институт за јавно здравје и има тестови кои што ги докажуваат антителата на вирусот, односно одоговорот на оганизмот на вирусот. Се разбира дека специфичноста и сензитивноста на нашите тестови, директните пи-си-ар методи, се многу поголеми, отколку на серолошките. Меѓутоа доколку Комисијата за заразни болести препорача и примена на серолошките тестови, тогаш се разбира дека ние таа одлука ќе ја прифатиме. Но, мора тоа да го достави како предлог Комисијата за заразни болести, заклучи Османи. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега