Османи: Сеопфатен документ за барањата и позициите е гаранција дека Бугарија нема да има нови барања

Погрешна е перцепцијата дека најавата на еден сеопфатен, договор, сеопфатен протокол кој инаку е постоечки инструмент од Договорот од 2017 година, е некакво поместување од нашата позиција. Напротив, тоа е зацврстување на нашата позиција со гаранции дека веќе нема да има нови барања од бугарска страна, изјави вечерва министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

– Наше е барањето да има еден сеопфатен документ со кој се затворат сите барања еднаш засекогаш, одноно нема да има постојано појавување на нови барања, нови позиции туку сите елементи кои се важни за нас, според нашата државна позиција, но и оние елементи кои се барање на Република Бугарија ќе се врзат во еден сеопфатен документ на меѓусебно зависни и временски зависни елементи. Тоа е наше барање не е барање на Република Бугарија. Погрешна е перцепцијата дека најавата на еден таков сеопфатен протокол кој инаку е постоечки инструмент од Договорот од 2017 година, дека најавува некакво поместување од нашата позиција. Напротив, тоа е зацврстување на нашата позиција со гаранции дека веќе нема да има нови барања, рече Османи вечерва во емисијата Топт Тема на ТВ Телма запрашан дали земјава со ваквиот став можеби крева бело знаме пред бугарските уцени во ЕУ интегративниот процес.

За тоа што би опфатил тој документ и како со него ќе се решат отворените прашања, Османи не сакаше да коментира во детали, оценувајќи дека преговорите се во покритична позиција и затоа тој ќе биде воздржан.

Министерот за надворешни работи изјави дека целиот спор е покренат со оспорувањето на преговарачката рамка, која од 27-те земји членки на ЕУ, единствено ја оспорува Бугарија, и тоа заради прашањето на македонскиот јазик и имплементацијата на Договорот за добрососедство од 2017 година, кој ги вклучува говорот на омраза, прашањето на рехабилитација на жртвите од комунизмот историските прашања, и прашањето за внесување на бугарската заедница во уставот. Османи нагласи дека македонската страна јасно кажала за што може, а за што не може да се преговара псоосчувајќи ги нашите државни позиции.

 

21.02.2022 - 21:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега