Османи: Со или без Христијан Мицкоски ќе има уставни измени

 

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде истакна дека со или без лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, ќе има уставни измени.

„Јас сум оптимист, уставни измени мора да има, со или без Мицкоски. Нема да ја пропуштиме оваа историска шанса, за напредок на државата. Мицкоски се покажа како политичар од трета или четврта лига. Неискусен. Праќа лоша порака до партнерите во ЕУ. Неговата порака е дека ние ќе ги третираме Бугарите во Македонија како рамноправни граѓани кога ќе влеземе во ЕУ. Ова не е добра порака“, порача Османи.

12.06.2023 - 22:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега