Османи „строеше“ директори зошто немало двојазични табли - По бурните реакции најави нов увид

Откако вицепемиерот Бујар Османи ги строеше викендов директорите кои не поставиле двојазични табли, па се објави на Фејсбук, вели дека не вршел инспекција, туку увид.

Вицепремиерот за саботното возење се правдаше дека не излегол надвор од своите ингеренции, а ако требало ќе одел и до Тетово за да провери дали на денот на ослободувањето на градот ќе се вее државното знаме. Тој тврди дека македонското  не е острането од седиштето на ДУИ, пренесе Сител.

Иако Османи негираше дека  во исто време и возел и зборувал на телефон  додека ги проверувал таблите,  сепак ќе си ја плати казната која ја заработи од МВР, па рече дека освен што предводи една кампања-за употреба на албанскиот и македонскиот јазик, би можел да биде промотор и на втора- за почитување на забраната за зборување на мобилен телефон додека се управува моторно возило.

За потсетување, при проверката на двојазичните табли, Османи забележа дека на Агенцијата за администрација таблата е само на македонски јазик, па веднаш му се јави на директорот.

– Бујар Османи е на телефон, како сте директоре? Сакав да те прашам, тука сум пред институцијата, гледам дека таблата е еднојазична. Каков е планот за менување? Вчера требало да ја добиете, имало грешка во буквите. Подобро е што сте ја вратиле, за да нема грешка, тоа е полошо. Комунициравте со Агенцијата за јазици? За да ви помогне во дефинирање. Добро. Готово, му рече тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2019 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега