Османи за идната коалиција: Да се почитува принципот „победник со победник“ без разлика дали ќе победи ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ

Во интервју за прриштинска „Експрес“, вицепремиерот на Бујар Османи, запрашан дали ДУИ ќе оди сам на избори или ќе формира коалиција со која било друга албанска политичка партија, рече дека ДУИ ќе се кандидира сам но ги повикува другите партии да се обединат со цел да го обединат албанското гласање.

Што се однесува до можноста за коалицирање со македонските партии по изборите, Османи рече дека ДУИ ќе се придржува кон принципот „победник со победник“, што подразбира дека ДУИ ќе формира коалиција со македонската партија која победи на изборите на 12 април, без оглед дали станува збор за ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ.

Во интервјуто Османи изјави дека ДУИ никогаш нема да дозволи да се поништи Договорот од Преспа, законот за употреба на јазиците или Договорот за добрососедство со Бугарија.

Инаку токму ДУИ беше партијата која го прекрши неформалниот договор за т.н. коалиција „победник со победник“ по изборите во 2016.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2020 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега