Османи за пасошите: Тоа е, издржете, МВР нека работи

Министерот Османи ни порача да издржиме ова лето без пасош бидејќи нема начин пасошите кои Собранието ни ги укина со закон повторно да ни ги направи валидни.

„Да, тие закони се донесени од Министерството за внатрешни работи пред неколку години, дека на 12. февруари 2024. пасошите, односно патните документи со старото име стануваат невалидни.
Тоа било веројатно во функција на имплементирање на Уставот, бидејќи Уставот, членот 118, вели меѓународните договори ратификувани во нашето собрание кој се дел од внатрешниот правен поредок, не може да се сменат со закон.
Тоа значи дека и да ја немаше таа законска измена, сепак на Уставот е тој што е над законите.
Така да имаше веројатно причина зашто Министерството за внатрешни работи има донесено такви решенија, но мислам дека сега е време да се организираме. Тоа е клучниот збор, да се организираме за да им излеземе во  пресрет на граѓаните, а ние се нудиме да им помогнеме на Министерството за внатрешни работи со сите наши капацитети.“ – рече Османи.

Но капацитетите се ограничени а дневниот максимум ни е меѓу 3.000 и 5.000 пасоши. Тоа значи дека за 500.000 пасоши ќе ни требаат меѓу 3 и 4 месеци, што значи дека цело лето во Европа ќе се патува преку Србија, Албанија и Косово.

Во моментов Македонија е единствена земја во светот која сама на себе си ги укина пасошите.

12.03.2024 - 12:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега