Османи: Знаевме за се што Заев му понуди на Гаши

 ДУИ беше целосно информирана за разговорите на премиерот и лидер во оставка на СДСМ Зоран Заев со Африм Гаши за влезот на Алтернатива во Владата, изјави денеска министерот за надворешни работи и висоик функционер во ДУИ Бујар Османи.

-Премиерот Заев разговорите со политичката партија Алтернатива ги вршеше во име на коалицијата. Така што ние бевме целосно информирани и координирани за разговорите што ги водеше премиерот Заев со политичките партии, рече Османи  по прес-конференцијата со заменик – помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар на новинарско прашање дали ДУИ била запознаена за големиот број на функции кои ги добива Алтернатива со договорот да стане дел од Владата и парламентарното мнозинство.

Премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши вчера во Клубот на пратениците ја потпишаa програмата за заедничко дејствување и приклучување на партијата во Владата и парламентарното мнозинство.

Со договорот Алтернатива треба да назначи министер за здравство, министер за МИОА и министер без ресор задолжен за дијаспората, како и три заменици-министри, од кои еден во МОН, еден во Министерството за култура, а за третиот ресор останува дополнително да се прецизира, иако било разговарано за заменик министер за земјоделство. Алтернатива може да биде вклучена и во менаџирање на управувачките раководните органи во повеќе институции на централно и на подрачно ниво меѓу кои МЕПСО, ФЗОМ, Железници и Транспорт, Клинички центар – Тетово и Агенцијата за странски инвестиции.

06.12.2021 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега