Остатоците од шпанскиот брод кријат многу тајни: Пред 13 години пронашле дури 600.000 монети, а дури сега го откриле вистинското богатство
Шпанските археолози извадиле илјадници артефакти, вклучувајќи и бронзени топови, сребрени садови и канделабри, од фрегатата "Мерцедес", која станала славна откако на неа била откриена огромна количина на монети.
Шпанската фрегата во 1804-та година била потопена од британската морнарица, а повторно била пронајдена од една американска компанија во 2007-ма година.
Тогаш од бродот биле извадени дури 600.000 монети кои по судска борба и припаднале на Шпанија.
Во експедицијата истражувачите пронашле илјадници артефакти, меѓу и "сидра, топови од железо и бронза, сребрен прибор за јадење, сребрени канделабри и друго".
Од овие предмети издвоени биле четири топа, колекција од 45 парчиња сребро, два златни предмети, бронзена славина, сребрени монети и остатоци од систем за кревање.
Археолозите успеале да го потврдат совпаѓањето меѓу извлечените материја и архивските документи, се наведува во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа