Осум лица повредени во сообраќајки во Скопје

 

Осум лица се здобиле со полесни телесни повреди во пет од вкупно девет сообраќајки, што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири сообраќајки била причинета материјална штета.

Од СВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај тројца возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и три нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и двајца возачи кои поминале на крстосница на црвено светло и еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин.

Пешак поминал коловоз вон пешачки премин кој бил исто така санкциониран од сообраќајната полиција.

Со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 70 возила.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2019 - 08:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега