Осум тинејџерки се обвинети за убиство на 59-годишен маж во Торонто

 

Осум тинејџерки се обвинети за убиство на 59-годишен маж, кој беше избоден со нож во центарот на Торонто.

Полицијата соопшти дека верува оти девојките се запознале на социјалните мрежи и го планирале убиството.

Според полициските извештаи, девојките во неделата рано наутро нападнале и избоделе маж на плоштад во близина на главната железничка станица. Три девојки се на возраст од 13, три на 14 и две на 16 години, јавуваат канадските медиуми.

Полицијата не го наведе името на жртвата, но на прес-конференција рече дека мажот неодамна се преселил во засолниште за бездомници во градот.

„Имаше голема поддршка од семејството, па не мора да го наречам бездомник“, изјави детективот Тери Браун.

Полицијата соопшти дека девојките по расправија ја нападнале и избоделе жртвата. Мажот бил итно пренесен во болница со тешки повреди, но набргу починал. Полицајците ги уапсиле девојките во близина на местото на настанот откако разговарале со сведоците, а таму нашле и оружје.

Браун рече дека иследниците веруваат дека девојките се запознале на социјалните мрежи и живеат во различни делови на градот, но сè уште е нејасно зошто се собрале таа вечер, изјави Браун.

21.12.2022 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега