Осумгодишно девојче кое лани исчезна во Германија, пронајдено во Хрватска

Државното обвинителство во Хајлброн, Германија објави повлекување на налогот за потрага по исчезнатото осумгодишно девојче Тара Р., по кое се трага од минатата година.

Како што објави полицијата во Ален, мајката на осумгодишната Тара Р. побегнала со своето дете во Хрватска, пренесува „Феникс Магазин“. Тие двете биле пронајдени во стан, но не е соопштено во кој град.

Локалните власти сега се грижат за Тара Р. се додека таа не се врати во Германија. А нејзината мајка е уапсена.

Тара Р. исчезна во септември 2020 година, а полицијата јавно ја бара од мај 2021 година. Полицијата не соопшти повеќе детали за случајот.

24.09.2021 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега