Осумте независни пратеници: Сите што гласавме „ЗА“ Преспанскиот договор, имаме удел во новите победи

Поранешната независна група составена од осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа „ЗА“ Преспанскиот договор ја честитаа веста дека МПЦ-ОА доби автокефалност.

„Овој сон стана реалност и денешниот празник св. Кирил и Методиј ќе го паметиме како историски за православието и македонскиот идентитет. Сите ние што гласавме за Преспанскиот договор, имаме удел во победите кои се случуваат денес и вредеше секоја жртва. Да се гледа иднината, не е секогаш едноставно“, велат од Независната пратеничка група.

Членовите на групата посакаа да се множат убавите вести за Македонија и велат дека им е задоволство што ставиле делче во мозаикот на македонските победи.

24.05.2022 - 21:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега