Освен Скопје, уште еден град во Македонија е жариште на коронавирусот - МЗ соопшти колку активни случаи во секоја општина посебно

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа биле направени 2306 тестирања, а регистрирани се 438 нови случаи на ковид-19. За Скопје и Струмица може да се каже дека се жаришта на вирусот во земјава, затоа што секојдневно во овие градови има најмногу новозаразени. Ова е бројот на новозаразени регистрирани во секој град денеска: Скопје-200, Куманово-21, Дебар-1, Штип-17, Прилеп-13, Тетово-27, Велес-7, Битола-18, Охрид-16, Кавадарци-9, Гостивар-2, Гевгелија-10, Струмица-30, Крива Паланка-6, Радовиш-6, Кочани-15, Пробиштип-1, Пехчево-3, Берово-2, Валандово-3, Виница-3, Делчево-5, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-9, Ресен-5, Неготино-5. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 22607, бројката на оздравени пациенти е 16949, на починати е 821, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4837. Од вчера се регистрира еден контролен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 9349, активни 2290

• Куманово 1936, активни 193

• Дебар 302, активни 43

• Штип 1420, активни 151

• Прилеп 878, активни 198

• Тетово 1666, активни 249

• Струга 735, активни 69

• Велес 409, активни 80

• Битола 434, активни 127

• Охрид 496, активни 78

• Кавадарци 297, активни 67

• Гостивар 1011, активни 84

• Гевгелија 239, активни 118 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 33 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 535, активни 334

• Крива Паланка 168, активни 59

• Радовиш 159, активни 68

• Крушево 20, активни 0

• Кочани 538, активни 192

• Пробиштип 134, активни 20

• Демир Хисар 64, активни 3

• Македонски Брод 96, активни 3

• Пехчево 51, активни 7

• Берово 157, активни 42

• Валандово 72, активни 44

• Виница 145, активни 44

• Делчево 201, активни 106 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) 

• Кратово 28, активни 4

• Свети Николе 418, активни 61

• Кичево 387, активни 58

• Ресен 184, активни 21

• Неготино 78, активни 24 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2020 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега