Освен со ВМРО-ДПМНЕ, Таравари најави соработка и со други партии на локалните избори

Генералниот секретар на Алијанса на Албанците Арбен Таравари во гостувањето на Канал 5 најави дека освен со најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, можна е соработка и поддршка и со други партии.

Дел од нив, би можеле да бидат и партии кои се дел од владејачкото мнозинство.

-За одредени општини кадешто мислиме дека можеме да си помагаме едни на други. Соработка за поддршка едни на други. Тоа се одреден број на општини. Меѓутоа, не само со ВМРО-ДПМНЕ, туку се надевам дека ќе имаме соработка и со други политички партии. Дел од нив се дел од власта, дел од нив се опозициски партии. Во зависност од тоа кој колку гласачи или поддржувачи има во одредена општина, рече Таравари.

27.08.2021 - 19:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега