Освежување за викендот, потоа нов топлотен бран

 


Сончево и топло, а попладне нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, ќе се се задржи и утре, соопшти УХМР.

Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и малку посвежо и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од понеделник ќе продолжи период на стабилно и претежно сончево време со пораст на температурите.

Максималната температурата за викендот ќе биде 34 степени, а во деновите од наредната седмица ќе достигне до 38.

19.06.2025 - 12:57

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега