Отишле да се смират поради претходна расправија, а тој ги нападнал со нож - повредени двајца ресенчани

Две лица се повредени откако 40-годишен ресенчанец ги нападнал со нож.

-Вчера во Полициската станица Ресен било пријавено дека на улица „Бигла” во Ресен, С. А. (40) од Ресен со нож им нанел повреди на М.И.(25) од Кичево и Т.К.(49) од Ресен. Според пријавеното, М.И., Т.К. и Н.Б.(30) отишле во куќата на С.А. за да ги смират нарушените односи од претходно, но тој извадил нож и ги повредил М.И и Т.К..

Тие биле пренесени во ЈЗУ Здравствен дом Ресен за укажување лекарска помош.

 

 Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.06.2020 - 16:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега