Oткако градот стана жртва на три терористички напади - Властите во Брисел им дозволија на жителите...

Властите во Брисел им дозволија на жителите и работните луѓе од градот да ги напуштат живеалиштата и канцелариите. Претходно денеска, сите беа повикани да останат таму каде што се наоѓаат во моментот, откако градот стана жртва на три терористички напади. 

- Во Белгија е поставен највисок степен на тревога, но утре продавниците, училиштата, детските градинки и градскиот превоз ќе работат. Тоа од кое се плашевме, се случи, изјави премиерот Шарл Мишел. 

Евакуирано е седиштето на Европската комисија, а вработените во Европскиот парламент беа задржани во комплексот на институцијата. 

Локалните медиуми потврдија дека Исламската држава официјално презеде одговорност за денешните напади, во кои загинаа 34 лица, на најмалку 198 се повредени

 
 
22.03.2016 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега