Откажан протестот против полицискиот час кој требаше да се оддржи пред Влада

Протестот, кој пред неколку дена беше најавен на социјалните мрежи против полицискиот час, нема да се одржи. Една од организаторките на протестот, ја повлече објавата на закажаниот настан од Фејсбук.

Протестот е откажан од неколку причини и тоа поради недоволната заинтересираност, здравствените препораки, најавите дека ќе има ист таков протест на 16 мај, но и да се избегнат масовни собирања на граѓаните.

Протестот беше закажан под мотот „Сите ние кои сметаме дека ова треба да заврши, сите кои сме свесни“, а требаше да се одржи во недела од 12 до 14 часот пред Владата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2020 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега