Откриена врската помеѓу коронавирусот и цигарите: Што задолжително треба да знаат пушалите

СЗО истакна дека 18 отсто од хоспитализираните пациенти од коронавирусот се пушачи.

СЗО ги предупреди пушачите дека се во поголем ризик од тешко заболување од коронавирусот, но не можеле да прецизираат колкави тие ризици можат да бидат.

Во научните истражувања, објавени овие недели, здравствената агенција на ОН разгледала 34 студии за поврзаноста на пушачите со Ковид-19, вклучувајќи и веројатна зараза, хоспитализација, тешки болести и смрт, пренесуваат од АП.  

СЗО истакнала дека 18 отсто од хоспитализираните пациенти од коронавирусот се пушачи и дека постои значајна поврзаност помеѓу тоа дали пациентите се пушачи или не, типот на болничка интервенција која им била потребна и ризиците на кои што пациентите се склони.

„Расположливите докази сугерираат дека пушењето е поврзано со поголема тежина на болеста и смртта кај хоспитализираните пациенти кои што боледуваат од Ковид-19“ - наведуваат од СЗО. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.07.2020 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега