Откриени 64 мигранти од Бангладеш во камион кај Струмица

Шеесет и четири мигранти биле откриени во камион на регионалниот пат Валандово–Струмица, соопшти МВР.

Вчера околу 19 часот на влез во Струмица полициски службеници забележале камион „ивеко дејли“ со скопски регистарски ознаки за кое имале информација дека превезува мигранти. Возачот го застанал возилото и избегал.

Во камионот имало 64 мигранти од Бангладеш. Тие се сместени во ПТЦ-Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2020 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега