Откривање на коронавирусот во отпадните води: Хрватска покрена истражување во Италија, Шпанија и Франција

Хрватскиот завод за јавно здравство во соработка со Загрепските отпадни води покрена проект за следење на отпадните води, со оглед на тоа дека неодамнешни истражувања покажале дека откривањето на коронавирусот во отпадните води може да помогне во следењето на епидемијата Ковид 19, соопшти ХЗЈЗ.

Епидемиологијата заснована на отпадните води претставува анализа на отпадните води поради утврдување на присутноста на биолошките или хемиските средства со цел следење на јавното здравје и користи за откривање на присутноста на фармацевтскиот или индустрискиот отпад, лековите, вирусите и потенцијалните бактерии отпорни на антибиотици.

Неодамнешните истражувања покажаа дека откривањето на коронавирус во отпадните води може да помогне во следење на избивањето на епидемијата Ковид 19 се наведува во соопштението ХЗЈЗ.

Проектот се спроведува во соработка со Канцеларијата на СЗО во Хрватска, а го финансира германската влада.

Тестирањето на отпадните води на РНА од Ковид 19 се спроведува веќе во неколку земји во светот, меѓу нив се Италија, Холандија, Унгарија, Шпанија и Франција.

Вирусот може да се излачи од организмот низ изметот на лицата заболени од Ковид 19 со симптоматска или асимптоматска инфекција и други телесни течности, па со надзор на отпадните води може да се соберат податоци за двата вида на инфекцијата.

Иако на тој начин не може да се утврди кои лица се заразени. РНА на коронавирусот може да се открие во човечкиот измет неколку дена до седум дена пред појавата на симптомите.

Податоците од Централното уредување за прочистување на отпадните води во Загреб, кои ќе се соберат нив проектот ќе бидат надополнување на постоечкиот систем за следење на коронавирусот и помош за епидемиолозите подобро да го разберат опсегот на инфекцијата на подрачјето на Загреб и околината, кои претставуваат скоро четвртина од вкупното население во Хрватска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2020 - 21:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега