Отворен првиот центар за поддршка на млади лица со попреченост ХабИТ

Првиот центар во Македонија и во регионот ХабИТ што ќе нуди услуги на млади лица со попреченост и ќе ги оспособи да можат да започнат кариери во ИТ секторот, беше отворен денеска во Скопје. Тој на компаниите ќе им овозможува да ја зголемат пристапноста на своите услуги и производи.

ХабИТ беше основан во рамки на Проектот на УСАИД за социјална инклузија преку технологија и дополнително награден како успешен концепт за социјално претприемништво. Проектот поттикна социјална инклузија на млади лица со попреченост на пазарот на трудот преку нивно интегрирање во брзо растечкиот сектор на информатичката технологија во земјава.

бејли

Аамбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли на отворањето на центарот рече дека учесниците во овој проект ги разбиле митовите и му покажале на бизнис секторот дека младите луѓе со попреченост можат да бидат вработени и целосно да придонесуваат во брзорастечкиот сектор на информатичката технологија во Македонија.

Еден од клучните успеси на проектот, истакна Бејли, е неговата одржливост, односно што и по завршувањето останува центарот во кој лицата ќе можат да се обратат и да добијат поддршка.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска истакна дека сите проекти со кои се јакне потенцијалот на лицата со попреченост и компаниите кои ги вработуваат овие лица се од исклучителна важност и најави дека во иднина ќе се работи на унапредување на професионалната реханилитација.

- Обезбедивме дополнителна поддршка за креирање работни места за лица со попреченост во 2018 година. Со оперативниот план се овозможува во сите мерки за вработување кампонаиите да можат да вработат и лица со попреченост. Работиме и на отворање на два центри за работно - ориентирана рехабилитација, рече Царовска.

Проектот беше имплементиран од фондацијата „иВоте“ во соработка со „Отворете ги прозорците“ и „Здруженито на студенти и млади лица со попреченост“ во Македонија. Вклчучени беа 10 компании во кои се оставреи шест вработувања и 16 практикантски работи. 

Тој траеше една и пол година и создаде онлајн платформа за учење со 20 целосно пристапни курсеви за бизнис вештини, меки вештини и основни информатички технологии комбинирани со менторство и практично искуство за младите лица со попреченост во селектирани ИТ компании. 

 

 

 

07.03.2018 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега