Ова е полицајката која си го убила семејството во Косово - ги застрелала своите родители, двајцата браќа, па се самоубила

Основното обвинителство во Гнилане, одделението за тешки кривични дела, извести дека вчера во околу 13 часот полицајка убила 4 лица поточно членови на своето семејство и на крај извршила самоубиство.

Според прелиминарните информации, постои сомнение дека полицајката Валдета Блаца со огнено оружје ги убила своите родители и двајцата браќа, а потоа извршила самоубиство.

Како што информираат косовските медиуми, убиени се 70-годишниот Зекир Блаца, 66-годишната Ханифе Блаца, 33-годишниот Блерим Блаца и 34-годишниот Фисник Блаца.

Полицајката, во сопствениот дом, со службен пиштол ги убила родителите, а потоа и браќата.

Роднините на семејството велат дека се шокирани и дека не забележале никакви проблеми во семејството.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 08:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега