Ова е сопругот на Јелена, кој за својата сакана вели: „Знаете и чувствувате кога сте ја нашле вистинската жена“

Македонската актерка Јелена Јованова која сите ја засакавме преку улогата на Јелена од серијата „Пресопав“, е мажена за хрватскиот актер Стјепан Периќ.

Нивната љубов започна во 2014 година кога заедно ја снимаа серијата „Тајни“, каде Јелена ја имаше главната улога.

Во едно интервју за хрварскиот 24 сата.хр, Стјепан пред неколку години откри какокако знаел дека Јелена е вистинската жена во неговиот живот, но и за тоа кој е подобар актер, тој или таа.

„Имав прилики да ја запознаам Македонија и прекрасните Македонци и пред да бидам со Јелена. Иако е тешко да се генерализира, но би го дале последното парче леб за гостите, отколку сами да го изедат“, вели Стјепан и продолжува за тоа кој е подобар актер:

Машко и женско сме, па тешко е професионално да се споредиме. Но, ако морам да изберам, ја избирам неа, одговара Периќ.

„Иако дојде време кога не е „ин“ да бидеш со некој засекогаш, јас верувам дека тоа постои и се надевам дека ќе запознаам жена со која ќе бидам среќан цел живот. Таа мора да биде вистинската и тоа ќе го знаете и почувствувате кога ќе ја најдете“. На прашањето дали Јелена таа вистинската тој одговори: „Да, Јелена е таа“.

 
 
 
View this post on Instagram

#freedom # #blassedlife #stillgoingstrong #jelenajovanova #stjepanperic

A post shared by Jelena Jovanova Official (@jelenajovanova.peric) on Aug 8, 2018 at 2:41am PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2019 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега